fbpx

Најжешко попладнево во Демир Капија и во Гевгелија, утре времето ќе биде слично

-

Во Демир Капија и во Гевгелија до 17.30 часот попладнево се измерени 42 Целзиусови степени, а во Маврово 30 степени. Според УХМР, во истото време температурата изнесувала 40 степени во Штип, 39 во Петровец и во Струмица, 38 во Скопје, Битола, Виница и во Тетово, 37 во Прилеп, 36 во Тополчани, 35 во Крива Паланка, Ѓуриште, Охрид и во Претор, 34 во Берово и во Пожаране и 31 степен во Лазарополе.

Утре нашето подрачје сè уште ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса и времето ќе биде многу топло, со натпросечна температура на воздухот.

Температурата ќе достигне до 42 Целзиусови степени во Скопје, Повардарието и во Гевгелиско-дојранскиот Регион.

УВ-индексот ќе биде 9.

В недела од север ќе се спушта посвежа воздушна маса, што ќе предизвика на повеќе места нестабилно време со поројни врнежи од дожд и со појава на грмежи, особено попладне. Локално е можна и појава на невреме.

В понеделник ќе преовладува променливо и свежо време со локален дожд. В недела ќе дува умерен, а в понеделник и во вторник засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Од вторник ќе има стабилизрање на времето, а температурата ќе биде во благ пораст, вели прогнозата на УХМР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...