Најмалку седуммина загинати во Анкара во железничка несреќа


       
Анкара, 13 декември, 2018 - 11:02 (META) 

Најмалку седум луѓе загинаа, а 46 се повредени во несреќа на железничката станица Марсандиз во главниот град на Турција утрово. Брз воз кој бил упатен кон централниот турски град Коња, по четири минути од тргнувањето удрил во железничка машина што ги проверувала шините во станицата.

По судирот два вагона излетале од шините, а возот удрил во пешачкиот мост над железничката станица.
Несреќата се случила четири минути откако возот тргнал од почетната станица во Анкара.