fbpx

Најголем број фалсификувани евро-банкноти имало лани

-

Стопанствениците и полицијата никогаш не повлекле толку лажни банкноти евра од промет како минатата година.

Фалсификаторите на пари, минатата година ги собориле сите рекорди. Уште од воведувањето на европската валтуа во 2002 година, не се повлечени толку лажни валути од промет како минатата година.

Европската централна банка изброила дури 899.000 лажни банкноти, од кои 11 проценти, односно 95.357 парчиња, биле откриени во Германија, соопшти германската Сојузна банка.

Претседателот на Бундесбанк, Карл Лудвиг Тиле, изразил загриженост поради зголемениот број фалсификувани банкноти, кој пораснал за 51 процент во однос на 2014 година.

Минатата година, фалсификаторите на евра направиле штета од 39 милиони евра.

Но, и покрај зголемениот број на лажни пари, истите тешко можеле да бидат подметнати на потрошувачите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...