fbpx

Најдени остатоци од авион, се претпоставува дека се од исчезнатиот „МХ370“ на „Малезија ерлајнс“

-

Остатоци од патнички авион, за кои се претпоставува дека се од авионот на „Малезија ерланјс“ од летот „МХ370“, кој исчезна лани во март, вчера биле најдени на островот Рејунион, во Индискиот Океан, пренесуваат медиумите.

Сепак, малезиските власти велат дека сè уште е рано да се изнесуваат какви било шпекулации дека станува збор за делови од исчезнатиот авион.

Според информациите, на брегот на островот, било најдено два метри долго парче од крило, исфрлено од океанот.

Заменик-министерот за транспорт на Малезија, Абдул Азиз Каправи, изјавил дека „речиси е сигурно“ дека парчето потекнува од авион од типот „боинг 777“. Информациите велат дека „МХ370“ е единствениот „боинг 777“ што исчезнал над Индискиот Океан, со 239 луѓе во него.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, експерти по авијатика кои ги прегледале сликите со делот, изјавиле дека најверојатно станува збор за подвижен дел од површината на крилата на „боинг 777“.

Островот Рејунион е француска територија, на околу 600 километри оддалеченост од Мадагаскар.

Австралиските власти кои ја водат потрагата по исчезнатиот авион, се фокусирани на пребарување на поширок појас во јужниот дел на Индискиот Океан, на околу 6.000 километри од островот Рејунион.

Министерот за транспорт и инфраструктура на Австралија, Ворен Трус, изјавил дека австралиските научници ги прегледуваат фотографиите од авионското парче, обидувајќи се, според остатоците на него, да откријат колку време било во вода, додавајќи дека „доколу навистина станува збор за дел од „МХ370“, тоа би било многу значајно, особено за семејствата на исчезнатите патници и членови на екипажот“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...