fbpx

Најчевска за законот за „бомбите“: Поголема глупост не сум видела

-

Според професорката Мирјана Најчевска, законот со кој се предвидува забрана за објавување на „бомбите“ е голема глупост.

– Поголема глупост не сум слушнала во животот. Секогаш кога мислам дека сум ги видела сите глупости на ВМРО-ДПМНЕ и на нивните другарчиња од ДУИ, тие пријатно ќе ме изненадат и ќе одвалат уште поголема и повесела зеленушкава глупост.
Ова е исто како да предложат донесување закон со кој ќе се предвиди дека криминалните дела што ги направиле политичарите нема да бидат објавувани. Или, закон со кој ќе се забрани граѓаните да зборуваат за грешките на политичарите. Или закон со кој ќе се забрани какво било изнесување во јавност на прекршување на законите од именувани функционери. Луѓе, оваа земја станува највесело место за живеење. Секој ден ново доживување. Ама затоа, ако не си платил данок од 200 денари, твоето име ќе се појави на интернет. И ако украдеш ќебапчиња, ќе си добиеш казна затвор од три години – вели професорката Најчевска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...