This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sun Apr 23 15:48:54 2017 / +0000 GMT

Наградата на Охридската академија за хуманизам за Јиржи Свобода




Светската награда за хуманизам за 2017 година, на Охридската академија на хуманизам, му e доделeна на Јиржи Свобода, култно име на чешката и на светската кинематографија.

Доделувањето на наградата ќе се одржи во Охрид на 18 јануари, на празникот Богојавление, Водици, во Куќата на Уранија на МАНУ, со почеток во 19 часот.

- Неговиот исклучителен животен и творечки опус, чијашто уметничка круна беше остварена минатата година со филмското ремек-дело посветено на Јан Хус, го вброи меѓу големите имиња на светската хуманистичка мисла кои изминативе години ја збогатија духовната меморија на Охрид, градот на вечно живите македонски просветители свети Климент и свети Наум, ученици на апостолите на сесловенската култура светите Кирил и Методиј, заштитници на Европа - се вели во образложението на интернационалното жири.

 
Post date: 2017-01-05 15:10:31
Post date GMT: 2017-01-05 14:10:31
Post modified date: 2017-01-05 15:10:31
Post modified date GMT: 2017-01-05 14:10:31
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com