fbpx

„Нафтогас“ ѝ исплати 1,65 милијарда долари на „Газпром“ од заостанатиот долг

-

Украинската компанија „Нафтогас“ соопшти дека на руски „Газпром“ му префрлила 1,65 милијарда долари од заостанатиот долг за испораката на гас во последните два месеци на 2013 година, како и за гасот испорачан во периодот од април до јуни 2014 година.

„Нафтогас“ досега, во согласност со договорот од Брисел, во две транши исплати 3,1 милијарди долари од заостанатиот долг.

„Газпром“ и „Нафтогас“, во октомври годинава, постигнаа договор за обновување на испораките на гас, под услов украинската компанија да врати 3,1 милијарди долари од својот долг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...