fbpx

На земјите од Западен Балкан, ЕУ ќе им додели 50 милиони евра за енергетски проекти

-

Педесет милиони евра за финансирање енергетски проекти ќе добијат земјите од Западен Балкан од Европската Унија преку Програмата за регионална енергетска ефикасност и Фондот за зелен раст.

Договорите за финансиите ги потпишаа претставници од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Европската инвестициона банка (ЕИБ) и банкарскиот концерн KfW, во рамките на Програмата за регионална енергетска ефикасност (РЕЕП) и Фондот за зелен раст (GGF – Green for Growth Fund ), во рамките на денешниот министерски состанок на земјите од Западен Балкан.

Според еврокомесарот Јоханес Хан, предвидените финансии треба значително да му помогнат на јавниот и на приватниот енергетски сектор во шесте држави и да придонесат за заштеда на енергија и за намалување на емисиите на штетни гасови.

Хан истакна дека со овие дополнителни средства земјите од Западен Балкан ќе можат да постигнат 1,6 терават-часови електрична енергија годишно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...