fbpx

На ВМРО-ДПМНЕ во 2009 година не му требало помилување на изборниот криминал

-

Со 5 гласа „за“ и 4 „против“, Уставниот суд денеска ја прифати иницијативата претседателот да помилува лица осудени за изборни нерегуларности.

Предложените измени доаѓаат во време кога Специјалното јавно обвинителство покрена истражна постапка за осум лица осомничени за изборни нерегуларности, меѓу кои поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, генералниот секретар Кирил Божиновски и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко.

Ситуацијата во 2009 година, кога биле донесени измените, била сосема обратна од оваа денеска.

Измените на Законот за помилување претставуваат превентива од извршување на изборни нерегуларности. Ова бил ставот на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева на почетокот на 2009 година кога се носеа измените и дополнувањата на овој закон со кои се забрани помилување на лица осудени или кои се гонат за кривични дела поврзани со изборни измами.

Тогаш измените на законот ги предложила владата на ВМРО-ДПМНЕ, односно Министерството за правда, на чие чело во 2009 година бил Михајло Маневски.

Во очи на претседателските избори, копјата околу носењето на измените ги кршеа пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, како што пишува „Утрински“, бил против носењето на измените, како противуставни и дискриминаторски и во нив препознале проект на ВМРО-ДПМНЕ за дискредитација и уривање на дигнитетот на институцијата претседател на државата.

Членовите од СДСМ, во собраниската комисија за политички систем на 19 јануари, ја напуштиле седницата, со став дека со измените на Законот за помилување се врши упад во системот и го обвиниле премиерот Никола Груевски, дека пред избори ги намалува правата на шефот на државата, односно ќе стане англиска кралица.

Координаторката на СДСМ, Цветанка Иванова, сметала дека измените нема да поминат на Уставен суд и најавила дека ќе бараат политичка одговорност од предлагачот на измените, тогашниот министер за правда Михајло Маневски.

Маневски, тогаш ги отфрли ваквите наводи како неосновани, со напомена дека не може да стане збор за дискриминација, бидејќи ова дискреционо право дотогаш се толкувало прешироко.

„Членовите на Комисијата од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека измените на Законот за помилување не се насочени против личноста на актуелниот претседател, со оглед дека наскоро завршува неговиот мандат. Координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева е убедена дека законските измени претставуваат превентива од извршување кривични дела, особено за време на изборите“, пишува „Утрински“ во 2009 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...