fbpx

На турските навивачи им се заканува доживотен затвор за пуч против Ердоган

-

Почна судењето на навивачите на „Бешикташ“, кои се осомничени за обид за пуч против режимот на Реџеп Таип Ердоган.

Државното обвинителство бара доживотен затвор за 35 навивачи на фудбалскиот тим „Бешикташ“, од навивачката група „Царси“, кои се товарат дека со примена на „насилство и сила“ се обиделе да организираат пуч на минатогодишните протести против режимот на претседателот Ердоган.

Пред судот во Истанбул се собраа стотина навивачи, дури и од ривалските клубови на „Бешикташ“, во знак на солидарност со обвинетите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...