fbpx

На традиционалното искачување на Титов Врв учествувале 800 планинари

-

Планинарски Клуб „Љуботен“ од Тетово, на 26 и на 27 мај го организираше традиционалното искачување на Титов Врв, по триесет и седми пат.

Од клубот информираа дека, на овој настан имало 800 учесници, 14 планинарски клубови од Македонија и 17 од регионот.

Настанот официјално го отворил холандскиот амбасадор Ваутер Пломп, кој искажал особена чест што присуствува на овој настан и е дел од искачувањето на Титов Врв.

Планинарски клуб „Љуботен“ ја поддржа иницијативата на планинарско-еколошкото друштво „Аргентус моунт“ за реконструкција на кулата на Титов Врв, со тоа што сите учесници ги информираше за акцијата за пренесување на песок до врв.

И оваа година традиционалното искачување беше дел од прославата за Денот на Европа, организирано од страна на Канцеларијата на Европска унија во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...