fbpx

ААВМУ: На телевизиите и на радијата најмногу политички реклами од ВМРО-ДПМНЕ

-

Во изборната кампања за првиот круг од локалните избори, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) кај телевизиите и кај радијата на државно и на регионално ниво регистрирала голем обем платено политичко рекламирање, се вели во новиот извештај на ААВМУ.

Најмногу реклами се емитувани за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ (околу 157 часа), потоа за коалицијата предводена од СДСМ (околу 65 часа), следуваат ДУИ (околу 13 часа) и Беса (околу 9 часа). Од телевизиите на државно ниво најмногу реклами се емитувани на ТВ „Нова“ и на ТВ „Сител“, а од телевизиите на регионално ниво на ТВ „О2“ и на ХДТВ „Мега“.

ААВМУ објави извештај и за избалансираноста на политичката програма на регионалните телевизии и радија во текот на предизборната кампања. Во него се вели дека радиодифузерите на регионално ниво кампањата ја покривале со помал интензитет, „генерално обидувајќи се да обезбедат еднакви услови за пристап до сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборите“.

„Фокусот во известувањето и овде беше на двете коалиции предводени од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ кои имаа најмногу кандидати. Во последните девет дена од изборната кампања (во периодот од 5 до 13 октомври 2017 година) на кој се однесуваат денешните извештаи, прекршување на барањето за избалансирано покривање на изборите е констатирано само кај една телевизија. Во законски утврдениот рок, Агенцијата ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка пред надлежен суд“, се вели во соопштението.

Како што објави ААВМУ на својата веб-страница, тоа е телевизијата КТВ од Кавадарци.

Според извештајот, од 22 регионални телевизии опфатени со надзорот, само две не емитувале вести, а само осум од регионалните телевизии организирале дебатни соочувања на кандидатите.

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...