fbpx

На седницата за уставни измени пак кавги за референдумот и за Договорот од Преспа

-

Собраниската седница за уставни измени минува во меѓусебни препукувања помеѓу власта и опозицијата за Договорот од Преспа. Од владејачкото мнозинство велат дека имплементирањето на Договорот e за Македонија да излезе од изолација и да има подобра иднина. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Владата нема мандат да го менува Уставот и дека Договорот со Грција не е добро решение.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски рече дека Македонија нема друг правец освен ЕУ и НАТО, но дека постојат алтернативи како тоа да се постигне.

– Алтернативата е да му ја одземеме власта на Заев затоа што излезе од својот мандат и да побараме стратешко партнерство со ЕУ и НАТО, сè до целосно решавање на ова прашање – рече Димовски.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев  ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да отидат кај нивниот лидер Христијан Мицкоски и да го убедат дека сега е моментот за подобра иднина на оваа земја.

За иднина се потребни храбри визионерски лидери, смета Артан Груби од ДУИ и им порача на пратениците да не мислат на следните избори, туку на следните генерации.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев вели дека нема ниту можност ниту волја да гласа против волјата на граѓаните изразена на референдум, кој го оцени за неуспешен.

Претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза за ручек по што продолжува расправата за уставните измени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...