fbpx

На Самитот во Софија ќе се дискутура и за економскиoт развој на Западен Балкан

-

Претседателката на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК),  Данела Арсовска ќе има обраќање за спроведувањето на економските реформи во Македонија во процесот на приближување до Европската унија, со што и официјално ќе започне економскиот форум на Самитот на Европска унија за Западен Балкан во Софија.

Арсовска заедно со министерот за економија на Бугарија, Емил Караниколов, претседателот на Винескиот економски форум, Гунтер Рабенштајнер, претседателот на Сојузот на економисти на Србија, Александар Влаховиќ, основачот и претседател на Дефли економски форум, Симеон Цомокс и директорот на Агенцијата за странски инвестиции на БиХ, Гордан Милинич ќе дискутираат на тема „Помеѓу политиката и економијата“.

„Oчекуваме да се отворат значајни прашања за реформските процеси на економиите од Западен Балкан и нивно приближување кон ЕУ. Големо внимание ќе привлечат заклучоците од економскиот форум каде и шефовите на држави на земјите на Западен Балкан ќе дискутираат за регионалната економска соработка како дел од европската интеграција, реалност и очекувања како и за улогата на инвестициите за раст и стабилност“, изјави Арсовска.

На овој значаен настан, премиерите на Западен Балкан имаа можност да разговараат за конкретни економски проекти со високи претставници на австриските, европските и меѓународните членови на Виенскиот економски форум, како и за нивно забрзано имплементирање.Целта на Виенскиот економски форум е да изгради мост помеѓу бугарското претседателство на Советот на ЕУ и следното австриско претседателство со Европскиот совет.

На Форумот ќе се разговара за интензивирање на регионалната економска соработка и заедно со поддршка на политиката да се изнајдат решенија за деловна соработка во различни сектори на регионалната економија.

На економските активности во рамките на Самитот, ќе присуствува и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...