fbpx

На референдум, 61,5 отсто од граѓаните би гласале против Илинденска Македонија

-

Мнозинството граѓани – 61,5 отсто – би гласале против на референдум за името Република Илинденска Македонија, покажа анкетата спроведена од „М-проспект“ во соработка со МЦМС.

Со „не” би гласале мнозинството од етничките Македонци односно 70,5 отсто. Големо мнозинство од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ исто така не би го подржале овој предлог односно со „не“ би гласале 92,7 проценти. Етничките Албанци во 52,8 отсто од случаите одговориле дека Република Илинденска Македонија за нив е прифатливо решение. За симпатизерите на СДСМ овој предлог е прифатлив во 56,4 проценти од случаите додека за симпатизерите на ДУИ во 62,5 отсто од случаите.

Споредено со резултатите на теренската анкета спроведена во април 2018, за граѓаните додавката Илинденска е помалку прифатлива од додавката Горна – 41,5 отсто би прифатиле промена во Горна, споредено со 27,2 отсто кои би прифатиле Илинденска.

Нешто повеќе од една третина од испитаниците, односно 38,9 отсто, би гласале на референдум за Република Илинденска Македонија кога земјата ќе стане членка на ЕУ,

Од етничките Македонци, 63,8 отсто би гласале со „не”, а етничките Албанци во речиси три четвртини (72,1%) од случаите одговориле дека за нив е прифатливо решение Република Илинденска Македонија кога земјата ќе стане членка на ЕУ.

Споредбено по политичка припадност, овој предлог е најнеприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ кои 89,5 отсто би се изјасниле со „не“, за симпатизерите на СДСМ овој предлог е прифатлив во 71,8 проценти од случаите, додека за симпатизерите на ДУИ во 88,8 отсто од случаите.

Испитувањето на јавното мислење било спроведено со телефонска анкета во периодот 23 мај до 26 мај 2018 година на национален репрезентативен примерок од 1.047 испитаници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...