This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Fri Nov 16 7:43:12 2018 / +0000 GMT

На протестот против загадувањето на воздухот само педесетина луѓе




Од вчера најавените помалку од 600 луѓе на настанот на Фејсбук, денеска пред Владата на Република Македонија се појавија педесетина луѓе за да протестираат против загадувањето на воздухот.

„Вие и вашите деца дишете ли друг водух?“ „Чист воздух - здрави деца“ беа само дел од транспарентите изложени пред владата. Присутните се разочарани од одзивот на протестот и порачаа граѓаните да бидат гласни сите денови, а не само во деновите на преголема загаденост.

Луѓето што протестираа денеска велат дека досегашните владини мерки се само декорации, а не и трајни решенија за борба со ПМ10 и ПМ2,5 честичките.
Post date: 2018-01-14 21:42:28
Post date GMT: 2018-01-14 20:42:28
Post modified date: 2018-01-14 21:42:28
Post modified date GMT: 2018-01-14 20:42:28
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com