fbpx

На протестот се приведeни 30 демонстранти, а повредени се 38 полицајци

-

Во вчерашниот протест пред Владата приведени се 30 лица, а повредени се 38 припадници на полицијата, од кои шест се задржани на понатамошно лекување, рече на денешната прес-конференција министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Како што вели Јанкулоска, едно од приведените лица било однесено на токсикологија, а потоа било притворено. Јанкулоска рече дека досега се идентификувани 12 лица и апелираше до медиумите ако имаат видеоснимки да ги предадат до МВР за полесно да се идентификуваат учесниците во, како што вели, насилните протести.

Според официјалната верзијa на МВР за вчерашните случувања, граѓаните почнале да се собираат околу 18 часот. Јанкулоска вели дека заштитната ограда први ја пробиле девојки, односно се прекачиле преку оградата, а потоа почнале масовно да им се приклучуваат и други граѓани.

Според МВР, од 18.30 до 19.30 часот, иницирани биле повеќе насилни напади кон полицијата и објектот на Владата. Демонстрантите по полицијата и по зградата удирале со шипки, јајца, шишиња и со компири.

– Причинета е голема материјална штета, запалени се контејнери, оштетени се полициски возила и опрема, а демолиран e и објектот на „Радио Слободна Македонија“. Според информациите на МВР, едно цивилно лице побарло лекарска помош во Градската болница „8 Септември“. Продолжуваме со идентификација и со пронаоѓање на учесниците. Од полицијата употребени биле само оние мерки што полицијата смее да ги употребува при приведување. Полицијата покажала максимално трпение – изјави Јанкулоска.

Прашана дали некој ќе одговара за упадот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, Јанкулоска рече дека полицијата освен во библиотеката, направила потрага и во други објекти, а конкретно во библиотеката е пронајдено и приведно едно лице.

– Од овој аспект сметам дека нема простор да се бара одговорност, но ако има пријава, ние ќе ја разгледаме – рече министерката.

Одговарајќи на новинарско прашање, Јанкулоска рече дека нема информација дека во протестите била повредена мајката на починатиот Нешковски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...