fbpx

На професорите штрајкувачи ќе им бидат платени само придонеси?

-

Професорка од средното училиште „Арсени Јовков“ на својот фејсбук-профил вели дека до училиштето стигнал допис од министерот за образование и наука, во кое се вели дека на наставниците што штрајкуваат ќе им бидат исплатени само придонеси за јануари, што го смета за еден вид притисок.

„Сакам да ве известам дека денеска во нашето училиште стигна допис од министерот за образование, наука и култура, во кој им се даваат насоки на директорите на училиштата да ја пресметаат јануарската плата за сите штрајкувачи врз основа на член 240 од Законот за работни односи, односно да исплаќаат само придонеси на најниска основица на плата. Овој притисок да го искористам моето уставно загарантирано право на штрајк, поткрепено со ваков небулозен закон, ме тера да бидам уште погласна и да ве замолам сите да се солидаризирате со наставниците кои сакаат да ги угнетат. Потребна ни е поддршка! Сакаме вашите деца да ги научиме на чест, достоинство и на неодрекување од борбата за свои права, а не од нив да направиме потчинети вазали со тоа што ќе се повлечеме. Нема да се предадеме“, вели на „Фејсбук“ професорката од „Аресни Јовков“.

Побаравме објаснување за ова од Министерството за образование и наука, но портпаролката Ардијана Ќамили ни рече дека „таков допис сè уште нема“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...