Во домот на Борјан Јовановски, новинар и уредник на „Нова ТВ“, непознато лице доставило погребен венец со натпис „последен поздрав“.
Во тој момент Јовановски не бил дома, туку само неговата сопруга Амернис Нокшиќи и малолетните деца.
Лицето што го доставило венецот, на сопругата на Јовановски ѝ кажало дека „поздравот“ е од Тодор Александров.
Сопругата на Јовановски настанот го пријавила во полиција.
Како што објави „Нова ТВ“, Јовановски е мета на долгогодишно вербално насилство од медиуми и од новинари кои важат за блиски до владејачката партија.
Вербални напади на адреса на Јовановски пристигале дури и од високи државни функционери.
На овој морбиден чин реагираа од „Новинарски пленум“, од каде што велат дека ова е „мафијашка порака од фамилијата што ја владее Македонија до критичките медиуми и новинари“.