fbpx

На Мундијалот во 2026 година ќе играат 48 репрезентации, одлучи ФИФА

-

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска едногласно одлучи Светското фудбалско првенство да биде проширено и на него да учествуваат 48 репрезентации.

По Светските првенства во Русија во 2018 година и во Катар во 2022 година, на следниот Мундијал во 2026 година, чиј домаќин сè уште не одреден, ќе играат рекорден број репрезентации.

Според усвоениот формат, почетната фаза од Светското првенство ќе брои 16 групи со три репрезентации, а во елиминационата ќе играат 32 национални тимови, кои ќе бидат најдобри во групите. Со новиот формат ќе биде зголем бројот на натпревари на 80, наместо досегашните 64. Сепак, шампионскиот тим, како и досега, ќе треба да одигра седум натпревари за да стигне до титулата.

Турнирот ќе трае, како досега, 32 дена. Траењето на турнирот останува непроменето поради барањата на големите европски клубови, кои реагирале на реформите поради густиот распоред на клупски натпревари.

Инаку, станува збор за прво проширување на Светското првенство во фудбал по она во 1998 година, кога на Мундијалот во Франција настапија 32 репрезентации, колку што ќе играат и на СП во Русија во 2018 и во Катар во 2022 година.

Претходно, од 1954 до 1982 година, на светските првенства учествуваа 16 репрезентации, а од 1986 до 1994 година играа 24 национални селекции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите...