fbpx

На локалните избори право на глас ќе имаат 1.814.644 граѓани

-

Право на глас на претстојните локални избори што ќе се одржат на 15 октомври, ќе имаат 1.814.644 гласачи, соопшти денеска Државната изборна комисија (ДИК), по заклучувањето на избирачкиот список и по извршените промени што произлегоа од јавниот увид.

Во изводите од избирачкиот список се запишани 1.735.682 гласачи, 77.071 избирач се на привремена работа или престој во странство, 1.882 за време на изборите ќе се наоѓаат на издржување казна затвор или во притвор, а девет гласачи се запишани како внатрешно раселени лица.

Шестите локални избори во Македонија, на 15 октомври, ќе се спроведат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.

Вториот круг на изборите е закажан две недели подоцна, односно на 29 октомври.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...