fbpx

На избирачкиот список ќе има и фотографии од гласачите?

-

На избирачкиот список ќе има фотографии од гласачите, а со тоа ќе се спречи еден гласач да гласа двапати. Ова е едно од прашањата за кои се согласиле партиите на вчерашните средби на работните групи, информираат од СДСМ. Од партијата велат и дека во предлогот за изборниот законик пишувало дека ќе има неограничена теренска проверка на избирачкиот список, секаде каде што партиите сметаат дека треба да се направи проверка. А за ова веќе се подготвувала и методологија.

Како што велат од опозицијата, останале неколку нерешени прашања околу кои требало да се постигне договор, на пример, застапеноста на жените во листите, платеното политичко рекламирање и парите што партиите смеат да ги потрошат по гласач.

За застапеноста на жените во листите од СДСМ велат дека е договорена да биде 40 отсто, но не е прецизирано на кои места треба да бидат ставени жените за сигурно да бидат избрани.

Партиите се договориле и за парите потрошени по гласач, да изнесуваат 110 денари од гласач, но потоа меѓународната заедница излегла со предлог да бидат само 25 денари. Како што брифираат од опозицијата, претставниците од ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање не го кажале својот став.

Пред СДСМ да ги напушти преговорите, работните групи се договориле за гласањето на дијаспортата. Договорено било дијаспората да биде една изборна единица и да се избираат тројца пратеници. Првиот пратеник да се избере со гласови колку што се потребни за избор на пратеник во Македонија, односно околу 6.400, вториот со двојно повеќе и третиот со трипати поголем број гласови.

Договорено било и одлучувањето во ДИК, за кое првата опција е да се гласа со апсолутно мнозинство, а ако некој од претставниците на ДИК смета дека нечие право е повредено, да се одлучува со консензус. Ако тоа не успее, за жалбите ќе одлучува Управен суд, кој ќе биде под засилен меѓународен надзор и чии седници ќе бидат јавни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...