fbpx

На Грујевски ќе му се суди во отсуство за „Трезор“

-

По четири месеци одлагање, почна судењето за предметот „Трезор“ на СЈО. На обвинетиот ексначалник во УБК Горан Грујевски ќе му се суди во отсуство.

На обвинителната клупа се и Сашо Мијалков, ексдиректорот на УБК, заедно со Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски, поранешен шеф на неговиот кабинет.

Судискиот совет со кој раководи судијката, Џенета Бектовиќ одлучи да не го чека известувањето на Министерството за правда за екстрадицијата на Грујевски.

Случајот „Трезор“ на специјалното јавно обвинителство се однесува на злоупотреба на вкупно 862 045 евра за набавка на опрема од странство за потребите на Петтата управа. На сите досегашни рочишта се повторуваа исти записници, а судијката Бектовиќ не дозволуваше камерите да го снимаат Мијалков во судницата на обвинителна клупа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...