fbpx

На Груевски му излета „оставка“, а не „повлекување“

-

Шест месеци по Договорот од Пржино, премиерот Никола Груевски вчера првпат го употреби терминот „оставка“, која, според договорот, треба да ја поднесе пред 15 јануари, кога треба да биде избрана привремената влада, 100 дена пред изборите во април.

Термините што досега ги употребуваше Груевски се менуваа како што се наближува датумот за избор на преодната влада. Прво тој говореше дека нема да направи „ништо“, па дека „ќе биде испочитуван договорот“, па дека тоа се „реформи“, дека ќе има „повлекување“, сè до вчера, кога првпат спомна „оставка“.

Еве како еволуираше терминологијата на премиерот:

  • На 26 декември, на новинарско прашање дали ќе си даде оставка на 10 јануари, кусо рече: „Договорено е на 15 јануари да има нова влада и тоа ќе си го испочитуваме како што е договорено“.
  • Во новогодишното обраќање, тој рече дека изборите во април ќе бидат фер и демократски, а своевиден гарант за тоа ќе биде реформираниот закон за избори, според кој „ако премиерот повтoрно излегува на избори, да се повлече од функцијата“.

– Реформираниот закон за избори првпат ќе биде применет. Тој, меѓу другото, предвидува, отсега па на сите наредни парламентарни избори, премиерот ако повторно излегува на изборите, да се повлече од функцијата, во еден кус временски период пред изборите, за да се осигура дека со тоа што нема да е на извршната функција, нема да има некаква предност во добивањето на довербата на гласачите. Јас прв ја подржувам оваа реформа, затоа што верувам во својот народ и не сакам да дозволам алиби кому било за да избега од соочувањето со народот – рече Груевски во новогодишното обраќање.

  • Директно својата „оставка“ Груевски ја најави дури вчера „на 15 јануари ќе се избира нова влада со претседател на владата за спроведување избори. Претходно, секако, ќе следува мојата оставка“.

Тоа што како последна шпекулација го изнесе новинарката Мирка Велиновска, е дека премиерската фотелја се грее за сегашниот министер за одбрана, Зоран Јолевски.

„Немојте да си мислите дека народот ќе зјае во празно ако му соопштите дека иден технички премиер ќе биде Зоран Јолевски, кој за свој врховен командант го смета оној Џон Мекејн што ја среди Украина, ја храбреше ИСИЛ и ја промовира Ал каеда како американска пешадија. Да не си мислите дека не ни текнува дека во таков случај следниот чекор ќе биде заминувањето на Груевски од челната позиција на ВМРО-ДПМНЕ и од политиката. Да не фати десетта рунда со директ, а без воздух и во бесознание пред избори“, напиша таа.

Имињата што во јавноста се споменуваат почесто се шефот на дипломатијата, Никола Попоски, кој, од друга страна, е член на најтесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, но и вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.

Исто така, политичките кругови ги исфрлаат и имињата на пратеникот Антонио Милошоски и на министрите за здравство и за финансии, Никола Тодоров и Зоран Ставрески.

Сепак, сето ова е во рамките на политичката шпекулација, а не се исклучува и можноста сето тоа да е „патка“ за да се отргне вниманието од вистинската личност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...