fbpx

На границите на ЕУ од денеска почнуваат новите контроли на патниците

-

На границите на Европската Унија од денеска почнува примената на новите шенгенски правила за контрола на патниците за да се спречат какви било закани по внатрешната сигурност и јавниот ред на земјите членки на ЕУ.

Покрај граѓаните од трети земји, и граѓаните на земјите членки на ЕУ ќе бидат детално проверувани на границите, што може да биде причина за дополнително подолго задржување.

Системската проверка на сите лица, што значи и на граѓаните на ЕУ, вклучува проверка на документите на патниците во шенгенскиот информациски систем, проверка во базата на Интерпол за украдени и за изгубени патни исправи и во националната база за украдени, незаконски присвоени, изгубени и за поништени патни исправи.

Полицајците ќе ги проверуваат патните исправи со помош на посебни читачи, поради што процедурата на контрола на граничните премини ќе трае подолго, особено за време на празниците и во туристичката сезона.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...