fbpx

На гласач во Тетово му бил одземен телефонот бидејќи го сликал гласачкото ливче

-

Во шестата изборна единица регистриран е еден мал изборен инцидент, односно гласач кој со мобилен телефон го сликал гласачкото ливче на гласачко место во основното училиште „Наим Фрашери“ во Тетово. За овој инцидент полицијата направила записник.

– Телефонот му е одземен и избирачот ќе се соочи со соодветна казна – изјави Мирјана Бошњаковска од избирачки одбор 1928 во Тетово.

Во шестата изборна единица, најголема излезност до 17 часот има во Општина Тетово, каде што гласале 53 проценти од вкупниот број на запишани гласачи. Потоа следува Јегуновце, каде што гласале 52 проценти од запишаните избирачи, во Брвеница излезноста изнесува 50 проценти, во Врапчиште – 49 проценти, во Теарце – 47 проценти, во Боговиње – 44 проценти, а во Општините Желино и Маврово-Ростуште одзивот изнесува 37 проценти.

Шестата изборна единица е најголема во Македонија и тука се запишани 307.817 гласачи.

Според последните информациите од ДИК, излезноста во ИЕ 6 до 17 часот е 46,82 проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...