fbpx

На Филипини поради тајфун евакуирани 24.000 луѓе

-

Поради тајфунот Мајсак, како мерка на претпазливост, денеска се евакуирани околу 24.000 граѓани на Филипини.
„Планираме да ги евакуираме граѓаните од селата кои се покрај брегот“, истакна Најџел Лонток од Цивилната заштита.

Силни ветрови, поплави и лизгање на земјиштето се потенцијална закана која со себе ја носи тајфунот Мајсак, кој, во меѓувреме, е ослабнат и дува со брзина од 160 километри на час.

Лонток објасни дека граѓаните ќе бидат евакуирани од крајбрежната провинција Аурора, која тајфунот се очекува да ја погоди утре.

Тајфунот Мајсак се создал во Тихиот Океан и се очекува со намалена силина да пристигне на филипинскиот остров Лузон.
Според метеорологот Алказар Аурели, се очекува Филипините да ги погоди бран во висина од два метри.

Бура со слична силина во ноември минатата година предизвика 7.350 жртви.

Околу 20 тајфуни годишно ги погодуваат Филипинските Острови, а многу од нив се смртоносни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...