fbpx

На Филипини е убиен еден од најбараните терористи

-

Филипинецот Абдул Басит Усман, кој е наоѓа на американската листа на најбарани терористи, е убиен во судирите со безбедносните сили на југот на Филипините, соопштија бунтовничките сили.

Претставник на една од најголемите филипински бунтовнички групации, „Исламски ослободителен фронт Моро“, Газали Џафат, рече дека Усман е убиен во планинскиот дел додека бил заедно со припадници на организацијата.

– Можеме да потврдиме дека Усман загина и оти неговото тело е запалено во согласност со муслиманската традиција – рече Џафар, кој одби да каже кој е одговорен за убиството.

Филипинскиот воен претставник Грегорио Катапанг потврди дека Усман е убиен, но не даде јасно објаснување кој е одговорен за ликвидацијата.

Филипинската војска соопшти дека во судирите загинале и пет следбеници на Усман и оти можеби некои од неговите луѓе го предале.

Филипинските безбедносни сили трагаа по Усман откако во јануари избега при полициската акција, во која беше убиен Малезиецот Зулкифли бин Хир, за кој САД имаа распишано парична награда во износ од пет милиони долари.

САД, исто така, имаа распишано награда од еден милион долари, а Усман бил баран за повеќе бомбашки напади на југот на Филипини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...