fbpx

На дневен ред на седницата на Владата ги нема Србија и изборот на нов Јавен обвинител

-

Владата на денешната 24. седница по ред ќе расправа по вкупно 66 точки, колку што се наведени во најавата објавена на нејзината официјална интернет-страница.

Меѓу темите на дневен ред се предлогот за измени на Законот за внатрешни работи, предлог закон за ратификација на Договорот од Париз за климатските промени и годишни извештаи на државни институции.

На седницата ќе биде разгледана и информацијата со акциски план за проектот Контрола на здравствените установи од страна на Фондот за здравствено осигурување, потоа информацијата за воведување на програма за лична асистенција на лица со телесна попреченост, информацијата за реализација на проектот за формирање и поддршка на земјоделски задруги, како и информацијата за потребата од изготвување национална стратегија за соработка со дијаспората за периодот од 2018 до 2023 година.

На дневен ред на седницата, иако претходно најавен, го нема усвојувањето на заклучокот со кој Владата треба да му предложи на Собранието да распише оглас за нов државен јавен обвинител, а нема да се расправа ниту за последните случувања на релација Македонија – Србија, по повлекувањето на целокупниот персонал од амабсадата на Србија во Скопје, на итни консултации во Белград.

Инаку, портпаролот на Владата Миле Бошњаковски во петокот, минатата недела, еден ден по разрешувањето на Марко Зврлевски од функцијата државе јавен обвинител, на прес-конференција соопшти дека процедурата за избор на нов јавен обвнител Владата ќе ја почне на седницата закажана за денеска.

Од Владата напоменуваат дека сè до почетокот на седницата, дневниот ред може да биде изменет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...