fbpx

На автопатот Тетово – Гостивар се крпат само опасните дупки

-

Механизацијата на Јавното претпријатие „Македонија пат“, денеска ги пополнуваше опасните дупки на автопатот Тетово – Гостивар.

Се работи за делница од 17 километри. За оваа интервенција, планирано е да се потрошат 200 тони асфалтна маса. Поради санирањето на оштетените делови од патот, сообраќајот на одредени делови од автопатот се одвива забавено.

Возачите ја поздравуваат санацијата на патот каде секојдневно ги оштетуваат возилата, но сметаат дека надлежните треба да обрнат поголемо внимание на овој патен правец, чие одржување се сведува само на крпење дупки.

– Патот е изграден пред речиси две децении, но оттогаш истиот не е реконструиран. Овој пат треба да се прошири, се кажува дека е автопат, но тука има само две коловозни ленти. Проблем е што жичаната ограда долж патот е уништена, па животни од околните села слободно влегуваат на патот и предизвикуваат сообраќајни незгоди – изјави возач.

Од ЈП „Македонија пат“ велат дека засега нема најави дека патот ќе претрпи целосна реконструкција.

– Жичана ограда поставуваме постојано, но за неколку дена таа завршува во рацете на крадците – тврдат од претпријатието.

Пополнувањето на големите дупки на автопатот Тетово – Гостивар и на двата правци ќе трае неколку дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...