fbpx

На 28 мај ќе се одржи традиционалното искачување на Титов Врв

-

Во недела на 28 мај ќе се одржи 36 традиционално искачување на Титов Врв на Шар Планина, во организација на планинарскиот клуб „Љуботен“. Настанот е дел од прославата по повод денот на Европа организирана од Канцеларијата на Европската Унија во Скопје. Годинешното мото на традиционалното искачување гласи „Планинскиот цвет и пластичниот смет не одат заедно, да ја зачуваме животната средина за поздрава иднина“.

– Поаѓањето на планинарската колона е од 6 часот наутро пред платото на хотел Попова Шапка. Кон Титов Врв ќе се оди по Вакуфска Патека и апелираме да се користи оваа патека, каде што ќе оди самата колона. Се случувало, некои планинари да одат по други патеки до Титов Врв, па да има несакани последици. До Титов Врв ќе се пристигна некаде околу 11 часот, еден час имаме пауза на самиот врв, потоа кон Попова Шапка тргнуваме околу 12 часот, а на овој скијачки центар колоната ќе треба да пристигне околу 16 часот – изјави Јован Божиновски претседател на планинарскиот клуб „Љуботен“.

Традиционалното искачување на Титов Врв, кој е втор по големина врв во Македонија, со надморска височина од 2.747 метри е најпосетена планинарска тура во Македонија. Во изминативе 35 година на Титов Врв, преку оваа манифестација се искачиле околу 23 илјади планинари од земјава и странство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...