!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

На 22 декември ќе почне судењето за „Тврдина-Таргет“


       
Скопје, 23 ноември, 2017 - 10:58 (META) 

На 22 декември во Основниот суд Скопје 1 е закажано судењето за предметот на СЈО „Тврдина-Таргет“, за нелегалното масовно прислушување на граѓани од 2009 до 2015 година од страна на УБК.

Предметот ќе го суди судијката Ленка Давиткова, а рочиштето почнува во 10 часот.

Во случаите „Таргет“ и „Тврдина“, кои се споени во еден обвинителен акт, првообвинети се поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнвање (УБК), Сашо Мијалков, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, и уште десетина лица. Тие се товарат за незаконското прислушување, што пред две години го разоткри тогаш опозициската, а сега владејачка партија – СДСМ, и за уништување на опремата од прислушувањето.

Дел од обвинетите во случајот се началниците Горан Грујовски и Никола Бошковски, кои избегаа во Грција и се наоѓаат во екстрадиционен притвор во Солун, откако на 18 октомври беа уапсени на солунскиот аеродром додека со лажни бугарски пасоши се обидувале да заминат за Будимпешта.