fbpx

На 17 април Германија ќе одржи комеморација за жртвите од несреќата на „Џерманвингс“

-

На 17 април Германија ќе одржи национална комеморација и помен на жртвите од авионот на германската компанија „Џерманвингс“, кој со 150 патници и членови на екипажот се урна на француските Алпи, соопштиле денеска властите на Северна Рајна Вестфалија, пренесуваат агенциите.

Церемонијата ќе биде одржана во Катедралата во Келн, во западниот дел на Германија, од каде потекнуваат најголем број од жртвите, а на неа ќе присуствуваат канцеларката Ангела Меркел и германскиот претседател Јоаким Гаук.

Граѓаните на Северна Рајна Вестфалија, од каде потекнуваат 50 од 72 од германските жртви во авионската несреќа, во четвртокот со едноминутно молчење им одадоа почит на загинатите во падот на авионот.

Германија последен пат поради национална трагедија тагувала во 1998 година, кога во железничка несреќа загинаа 101 лице.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...