fbpx

На 1 февруари доаѓа германскиот државен министер Михаел Рот

-

Државниот министер за надворешни работи на Германија, надлежен за Европа, Михаел Рот, ќе ја посети Македонија од 1 до 2 февруари, информираат од германската амбасада.

– Тој ќе се информира за внатрешнополитичката состојба, како и за бегалската проблематика. Предвидени се разговори со претставници од Владата и од опозицијата, граѓанското општество и од невладините организации, кои се активни во областа на човековите права, поддршката за бегалците, ромската популација и ЛГБТИ-заедницата во Македонија – се вели во соопштението на германската амбасада.

Рот ќе одржи и јавна дебата со студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...