This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sat Dec 15 14:27:28 2018 / +0000 GMT

МЗШВ: Промена во цената има само на еден тип на леб




Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ја информира јавноста дека промената на цената на лебот се однесува на еден тип на леб и корекцијата ја имаат направено три компании производители на леб од Скопје и една компанија од Тетово, како поединечна одлука на фирмите. До овој момент големите фирми не ја имаат зголемено цената на лебот.

„Сите останати информации се груби манипулации со јавноста. Доколку дојде до драстично зголемување на цените и на другите типови на леб, што би влијаело врз поскапување на животниот стандард, МЗШВ веднаш ќе интервенира преку Агенцијата за стокови резери, која што по жетвата направи јавна набавка од 13.000 тони пченица. На тој начин ќе се интервенира на пазарот за стабилизирање на цената на лебот“, соопштуваат од МЗШВ.

Од таму додаваат дека пченицата е берзански производ и цената ја диктира светската берза.

„Лани и оваа година поради климатските промени имаше помали приноси, што во опкружувањето предизвика недостиг на пченица и зголемување на цената на пченицата и на брашното, што може да е една од причините поради која што неколку компании донесоа одлука за зголемување на цената на еден тип на леб од 15 на 18 денари“, се додава во соопштението.
Post date: 2018-12-05 16:30:38
Post date GMT: 2018-12-05 15:30:38
Post modified date: 2018-12-05 16:30:38
Post modified date GMT: 2018-12-05 15:30:38
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com