fbpx

Ограничено движење во шумите до 5 август

-

Од денеска до 5 август се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и во шумските појаси во период од 7 часот наутро од 17 часот попладне, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што информираат оттаму, во шумите ќе можат да се движат само лица со соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите што управуваат со заштитените подрачја.

„Ова ограничување не важи за организирана тура на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и националните паркови во Република Македонија, која ќе биде во придружба на претставник од ЈП „Македонсдки шуми“ или од националните паркови“, стои во соопштението од Министерството.

За непочитувањето на одредбите, односно сите лица што ќе бидат затекнати како се движат во шумите без соодветна дозвола, во периодот од 7 часот наутро до 17 часот попладне, предвидена е парична казна од 1.500 до 2.000 евра.

Од Министерството известуваат дека е забрането палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, како превентивна мерка за заштита од шумски пожари.

За непочитување на забраната, предвидена е парична казна до 1.500 до 3.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...