fbpx

Компаниите да организираат дополнителен термин за откуп на тутун

-

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) апелираше компаниите што доцнат со откупот на тутунот, да организираат дополнителни термини за преземање на договорените количества доколку тутунот го враќаат од пунктот поради влажност или од други причини, да го известат производителот за терминот на следното преземање. При откупот да го евидентираат и вишокот тутун на производителите, а во поканите за преземање на тутунот да ги наведат целокупното договорено количество и терминот на предавање (доколку се спроведува повеќекратно).

Како што информира МЗШВ, осум компании, заклучно со денеска, откупиле вкупно 4.900.000 килограми тутун од годинашната реколта, по просечна цена од 119 денари за еден килограм.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...