fbpx

„МЖ – Инфраструктура“ го осудува штрајкот на машиновозачите и бара либерaлизација на пазарот

-

Јавното претпријатие „МЖ – Инфраструктура“ најостро го осудува штрајкот на машинскиот персонал во „МЖ – Транспорт“, се вели во соопштението на компанијата.

„Во целата оваа ситуација „МЖ – Инфраструктура“ и „МЖ – Транспорт“ се заложници на една група работници – машиновозачи, бидејќи не постои друг оператор кој врши превоз на патници и на стока. Поради тоа и двете компании, а особено „МЖ – Инфраструктура“, трпат огромни дневни загуби, бидејќи компаниите го вршат превозот на своите производи на друг начин“, велат од компанијата.

Оттаму додаваат дека проблемите во железничкиот систем настанале со измените на законот за железнички систем во ноември 2011 година, со кој спротивно на ЕУ-директивите се забрани либерализација на пазарот. Како резултат на ова, од компанијата велат дека загубите на двете компании се зголемиле, а особено на „МЖ – Инфраструктура“.

„Како резултат на оваа погрешна политика, искористеноста на капацитетот на железничката инфраструктура не е повеќе од пет до седум проценти, иако „МЖ – Инфраструктура“ е подготвена во целост да ги задоволи потребите на многу повеќе оператори. Затоа од новата реформска влада бараме да се врати законот и да се дозволи либерализација на пазарот на железнички услуги во согласнот со европските директиви“, велат од „МЖ – Инфраструктура“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...