fbpx

МВР приведе неколку лица за нападот врз новинарската екипа на „А1он“

-

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, го информирал Здружението на новинари на Македонија дека приведени се лица за нападот на новинарската екипа на „А1он“ за време на протестот „За заедничка Македонија“.

Учесници на протестот ги нападнале снимателот Владимир Желчески и новинарот Александар Тодевски, нанесувајќи им повреди поради кои и двајцата завршија во Ургентниот центар во Скопје.

Министерот истакнал дека се работи на расчистување на случајот, но не открил колку лица се приведени и каде се пронајдени.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, вечерва го осуди нападот и за ваквиот инцидент го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

– Ова е кулминација на тоа што се случува во последните четири години. Власта на Никола Груевски координирано напаѓа новинарите за да не се известува објективно за состојбите во Македонија. Сакам да му порачам на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да ги повлече своите насилници – рече Селмани, додавајќи дека дури и ВМРО-­ДПМНЕ да нема ништо со овој напад, партијата директно влијае на атмосферата со тоа што не ги санкционираше претходните напади.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...