fbpx

МВР се испофали за полициската акција во Куманово

-

„Полициските службеници кои биле задолжени за чување на еден од уапсените припадници на терористичката група во Куманово, кој успеа да побегне, постапиле непрофесионално и спротивно на полициската процедура во вакви случаи, оставајќи го лицето без неопходен надзор“, се наведува на крајот на извештајот на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди (СВКПС), за полициската акција во Куманово, што попладнево е објавен на интернет-страницата на Министерството за внатрешни работи (МВР), точно еден месец по настаните во Диво Насеље.

Од Внатрешната контрола доставиле предлог „за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност до надлежната Дисциплинска комисија“.

Инаку, според извештајот, полициската акција во Куманово била изведена во согласност со законската регулатува, во делот на употребата на огнено оружје и при апсењето на членовите на групата.

„Констатирано е дека акцијата е спроведена во согласност со детално изготвен план и анекси на планот, реализиран преку посебен штаб, формиран за командување и за координирање на акцијата на терен. Утврдено е дека на 9 мај, околу 4.30 часот, тимови од Одделот за посебни единици, заминале на терен со задача да влезат и да ги обезбедат претходно лоцираните објекти. Околу 5.10 часот, при приоѓање на објектите во населбата Диво Насеље, имало непосреден напад кон полициските службеници со огнено оружје од различен калибар и со минско-експлозивни средства од повеќе правци, со што бил загрозен животот на полициските службеници. Бидејќи биле исполнети сите услови за употреба на средства за присилба во согласност со законската регулатива, а за одбивање директен и непосреден напад со огнено оружје и со минско-експлозивни средства врз полициските службеници, како и заради извлекување на ранети и на загинати полициски службеници, по наредба на штабот било употребено огнено оружје, како и посебни видови оружја, експлозивни средства и оклопни возила со кои располагаат единиците во согласност со формацијата“, стои во соопштението за извештајот.

Според Секторот за внатрешна контрола, од припадниците на специјалните единици етапно и систематски биле совладувани позициите на „криминално-тероростичката група сè до нивно конечно неутрализирање на 10 мај“.

„Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарци врз основа на извршените проверки и разгледување на целокупната службена документација подготвена од полициските службеница и утврдената фактичка состојба, констатира дека при преземените дејства во акцијата, употребата на средства за присилба, огнено оружје, од полициските службеници е основана, оправдана и правилна и е во согласност со одредбите од Законот за полиција. Исто така, при употребата на огненото оружје кон криминално-терористичката групација, од полициските службеници селективно е дејствувано за да се постигнат минимални жртви, а максимална цел, т.е. одбивање на нападот од себе и неутрализирање на групацијата“, се вели во соопштението.

Во врска со апсењето на лица по акцијата, во трите полициски станици во Скопје, Секторот за внатрешна контрола констатирал дека „целата постапка е спроведена во согласност со законските норми, односно со Законот за кривична постапка и со Законот за полиција“.

„Лицата кои биле лишени од слобода и задржани во полициска станица веднаш биле известени за причините за лишување од слобода, како и за делото за кое се товарат, за правото на молчење, правото на информирање на семејството или друго лице, правото на бранител и за правото на лекарски преглед. Исто така, од полициските службеници запазен е и законскиот рок на времетраењето на задржување на лицата и ниту едно од лицата нема наведено никаква забелешка во однос на постапувањето на полициските службеници за време на задржувањето во полициска станица“, стои во соопштението на МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...