fbpx

МВР проверила над 15 локации во обид да ги најде Грујовски и Бошковски

-

Над 15 локации досега проверила полицијата во обид да ги пронајде Горан Грујовски и Никола Бошковски, кои се во бегство откако Врховниот суд ја потврди одлуката тие да заминат во притвор, објави телевизија „21“.

Tелевизијата претходно објави дека Горан Грујовски веројатно при бегството се претставува и како Владимир Варелов, затоа што има двоен идентитет.

Полицијата која веќе го бара во Македонија, но и во странство, со меѓународна потерница од Интерпол, ја известила меѓународната полиција – по што е распишана и дополнителна меѓународна истрага. Официјално МВР не потврдува, но велат дека и Грујовски и Бошковски се добро упатени во можностите кои им стојат на располагање.

„МВР во рамките на овластувањата и обврските ги презема сите мерки со цел лоцирање и лишување од слобода на споменатите лица. За таа цел се направени проверки на повеќе локации во Македонија, но со оглед на упатеноста на овие лица со можностите кои се на располагање, потрагата значително е отежната“, велат од МВР.

Специјалното јавно обвинителство во предметите „Тврдина“ и „Таргет“, Грујевски и Бошковски ги товари за злоупотреба на службената положба и незаконско прислушување, како и за уништување на системите со кои се прислушувале илјадници луѓе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...