This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Mon Apr 23 11:10:59 2018 / +0000 GMT

МВР пронајде 26 мигранти во две возила на патот Гевгелија - Скопје




Вчера, во 12 часот, мешовит патролен тим од полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, на автопатот Гевгелија - Скопје, забележал автомобил „рено еспејс“ со велешки регистарски ознаки, при што на даден знак возачот да го запрел возилото, тој ја зголемил брзината и се упатил кон село Миравци, каде се обидел да побегне.

Полицијата го привела лицето С.М. (35) од село Бузалково, Велешко, а при контрола, во неговиот автомобил пронашла 12 мигранти. Возачот е предаден во полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Утрово на граничен премин Богородица за влез во Македонија во товарно моторно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.Т. (63) од Србија, со место на живеење во Скопје, откриени се 14 илегални мигранти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Post date: 2017-12-03 13:11:14
Post date GMT: 2017-12-03 12:11:14
Post modified date: 2017-12-03 17:17:26
Post modified date GMT: 2017-12-03 16:17:26
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com