fbpx

МВР: Приведени уште три лица за насилствата, по осум сè уште се трага

-

Скопската полиција синоќа привела уште три лица осомничени за учество во насилствата во Собранието на Република Македонија, минатиот четврток, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат оттаму, станува збор за лицата В.Н. (45), Д.П. (33) и В.Ц. (33), тројцата од Скопје. Тие се товарат за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствo и за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Судија на претходна постапка на В.Н. му одредил притвор од осум дена.

Синоќа, додаваат од МВР, 40-годишниот В.Т., осомничен за учество во насилствата во Собранието, самиот се пријавил во полициската станица Кисела Вода.

Од МВР информираат дека на сила остануваат потерниците по уште осум лица, по кои полицијата и понатаму трага.

Досега од 12 приведени, на шестмина им е изречена мерка притвор од осум дена, за едно лице е одреден куќен притвор, а за две лица – мерки на претпазливост.

МВР во коодинација со Основното јавно обвинителство Скопје, досега поднело кривични пријави за 20 идентификувани лица – учесници во насилствата во Собранието.

„Покрај ова, до ОЈО Скопје поднесени се извештаи за досега собраните сознанија околу лица организатори на протестот, како и лица кои учествувале во отстранување на претходно поставената блокада на вратата од внатрешната страна од главниот влез на собраниската зграда“, потсетуваат од МВР.

Оттаму додаваат дека Секторот за внатрешни работи Скопје продолжува со „детална истрага за понатамошна идентификација на лица кои евентуално учествувале во нередите“.

Истрага се води и за импровизираната експлозивна направа што вчера попладне беше откриена на првиот кат во Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...