fbpx

МВР презема мерки за расветлување на нападот врз Тодор Петров

-

Тодор Петров, претседателот на Светски македонски конгрес, е задржан на лекување во Ургентниот центар, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението од МВР пишува дека Петров бил физички нападнат во угостителскиот објект „Казабланка“ во Скопје, од страна на неколку лица.

„Од разговорот со повредениот добиени се првични информации дека тој околу 12.30 часот дошол во угостителскиот објект заедно со уште две лица со намера да ручаат. Но, кратко по доаѓањето, според тврдењето на Т.П., неколку лица, меѓу кои и лицето Б.А., почнале да го навредуваат и да му се закануваат во врска со претходно одржан јавен собир во населбата Бутел и физички го нападнале. Потоа, според тврдењето на Т.П., во објектот влегло лицето И.М. кое им се обратило на напаѓачите, по што истите го напуштиле објектот. Повредениот со брза помош е префрлен во Ургентен центар, каде што му биле констатирани телесни повреди и е задржан на лекување“, пишува во соопштението на МВР.

Како што информираат од министерството, СВР Скопје во консултации со јавен обвинител презема интензивни мерки и активности за целосно расветлување на настанот и за утврдување на идентитетот на инволвирани лица.

Соопштенија со осуда за насилството испратија двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, откако претходно преку соопштенија меѓусебно се обвинуваа за немилиот настан.

Функционерите на ДУИ денеска излгоа на улиците во Чаир и протестираа против изградбата на крстот. Артан Груби, шеф на кабинет на Али Ахмети, рече дека со овој проект се загрозува соживотот во државата и најави дека советниците на ДУИ во Општина Бутел до крај ќе се борат за да ја спречат изградбата на крстот.

Меѓу другото, Груби рече дека Советот направил процедурална грешка, затоа што, како што рече тој, не се гласало по Бадинтеров принцип.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...