fbpx

МВР: Посебен сообраќаен режим за натпреварот меѓу Вардар и Апоел

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) утре, 20 јули, ќе воведе посебен сообраќаен режим на дел од сообраќајниците во центарот на Скопје, а во пресрет на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на Вардар и на Апоел од Никозија, Кипар, кој се игра во рамките на квалификациите за Лига на шампиони.

Како што информираат од МВР, мерките се преземаат поради големиот интерес за меѓународниот фудбалски натпревар, кој утре, со почеток во 20 часот, се игра на Националната арена „Филип Втори“.

„Почнувајќи од 17 часот, ќе биде затворен за сообраќај потегот од крстосницата на улиците Аминат Трети – Јордан Хаџикостантинов-Џинот кон фудбалскиот стадион, при што кон стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници. Во периодот по 18.30 часот, во зависност од интензитетот на сообраќајот, ќе се ограничи приодот со возила од булеварот Илинден кон стадионот, односно на крстосниците во должина на булеварот Илинден ќе се врши селективно пропуштање на возила кон стадионот. Во попладневните часови ќе се преземаат мерки за расчистување на сообраќајниците и на паркиралиштата околу стадионот, како и дислоцирање на затекнатите возила“, стои во соопштението на МВР.

Оттаму информираат дека навивачката група на Вардар, „Комити“, како зборно место од каде ќе тргне кон стадионот го одредила платото пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“.

За време на движњето кон Градски парк, полицијата ќе го регулира и пренасочува сообраќајот.

Од МВР апелираат до „сите граѓани, учесници во сообраќајот да бидат трпеливи, да ги почитуваат правилата и прописите, да се однесуваат совесно и хумано, грижејќи се како за сопствената така и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот, како и да ги паркираат возилата на дозволените паркиралишта“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...