fbpx

МВР поднесе пријава против скопјанец што му се заканувал на Бејли на „Фејсбук“

-

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднел кривична пријава против 34-годишниот скопјанец Т.Т., кој се товари дека преку коментари на „Фејсбук“ индиректно им се заканувал на амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, и на неговото семејство.

Скопјанецот, според МВР, е осомничен за кривичното дело повреда на углед на странска држава.

„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против Т.Т.(34) од Скопје, поради основан сомнеж дека го повредил угледот на странска држава. Пријавниот во периодот од 14 до 16 април 2016 година од својот фејсбук-профил, повеќепати на официјалната страница на „Фејсбук“ на Амбасадата на САД во Р. Македонија, објавил коментари со недолична содржина и испратил индиректни закани кон дипломатскиот претставник на САД во Р.Македонија и кон неговото семејство, со што јавно го изложил на подбив“, информираат од МВР.

Кон крајот на декември минатата година, Амбасадата на Турција во Македонија соопшти дека поднела кривична пријава против лицето Е.А., инаку турски државјанин, бидејќи го навредувал турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на „Фејсбук“, со што им наштетил на угледот на Република Турција и на нејзиниот претседател.

Според членот 181 од Кривичниот законик на Македонија, предвидена е парична казна за „тој што со намера за исмејување јавно ќе изложи на подбив странска држава, нејзино знаме, грб или химна или шеф на држава или дипломатски претставник“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...