!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

МВР откри детали од крвавата тепачка на Матка во која загина малолетник


       
Скопје, 16 април, 2017 - 16:18 (META) 

Министерството за внатрешни работи денеска излезе со детални информации за убиството што се случи вчера околу 15 часот на улицата пред браната Долна Матка и раскрсницата со споредниот пат кој води на долното паркиралиште.

До несреќата дошло откако настанала меѓусебна расправија помеѓу лицата: А.Е. (18), Џ.С. (18) и уште едно лице на возраст од 16 години, сите од село Шишево, од една страна и од друга страна 16-годишен малолетник од село Сарај, по што истиот бил физички нападнат.

За кратко време со скутер дошол неговиот брат, кој бил на иста возраст, и тогаш настанала меѓусебна тепачка.

Во еден момент А.Е. извадил нож со кој замавнал и го повредил малолетникот, нанесувајќи му исекотина во пределот на левата страна на градите. Потоа А.Е. со ножот го прободел и неговиот брат, во пределот на десната страна на градниот кош, при што истиот паднал на асфалтот и починал.

Од екипа на Итната медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР-Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Во Полициската станица во Ѓорче Петров приведен е Е.А. за понатамошна постапка.

Се работи на целосно расчистување на случајот.