fbpx

МВР: Обезбедувањето на Груевски не упаднало во „ТВ21“, дејствувало согласно задачите

-

Министерството за внатрешни работи денеска демантира дека припадниците на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски упаднале во „ТВ21“. Тие, како што ссе наведува во соопштението, дејствувале во согласност со планот и со задачите.

„Припадниците од Министерството за внатрешни работи кои се дел од одделот за обезбедување, во текот на вчерашниот ден постапуваа во согласност со планот и со задачите. Заради оперативните сознанија кои ги имаат за потенцијални ризици, службените лица легитимирале еден граѓанин кој без да се идентификува почнал да снима“, стои во демантот.

Од МВР наведуваат дека обезбедувањето го замолило лицето да ги избрише снимките што ги направило.

„Според нивниот исказ, тоа се случило во угостителски објект (кафуле), а не во телевизија како што беше објавено во некои медиуми“, стои во демантот и се додава дека доколку има каква било претставка против нив, Одделот за внатрешна контрола ќе постапува по истата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...