fbpx

МВР: Нови 253 мигранти откриени во товарен воз од Грција

-

Министерството за внатрешни работи (МВР), во изминатите 24 часа, издало нови 253 потврди на мигранти, од кои дел биле откриени во товарен воз што од Грција пристигнал на железничката станица во Гевгелија, соопшти МВР.

Според Министерството, мигрантите, меѓу кои имало и деца, биле откриени откако самите почнале да удираат по внатрешноста од вагонот, од страв да не се задушат, поради неподносливите услови внатре.

Од стапувањето на сила на измените на Законот за азил и привремена заштита, на 19 јуни, со кој на мигрантите им се дозволува легален престој на територијата на Македонија во рок од 72 часа, МВР до денеска им издало потврди на вкупно 5.258 странски државјани, од кои 640 биле жени и 461 дете.

Повеќе од половина од мигрантите што искажале намера за поднесување барање за азил, според МВР, се државјани на Сирија (3.310). Другите, според податоците на МВР, се од Авганистан (511), Ирак (326), Пакистан (271), Сомалија (245), Конго (188), Палестина (152) и помал број од други земји.

Од МВР, информираат дека вчера било пријавено и едно разбојништво над мигрант од Сирија. Тој бил ограбен од две лица, кои му се нафрлиле со метална прачка и потоа му го украле ранецот, со мобилните телефони, пасошот, пари и чевли.

Од Министерството додаваат дека екипи, под надлежност на Министерството за здравство, во Визбегово вакцинирале тројца мигранти, а била извршена и дезинфекција на железничката станца и на вагони во Куманово, на граничниот премин Табановце и на вагони и на станицата во Скопје. Дезинфицирани биле и полициската станица и три полициски возила во Гевгелија, како и перонот и чекалната на гевгелиската железничка станица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...