fbpx

МВР: Нема обдукција врз телото на Софески

-

По наредба на Јавен обвинител, врз телото на поранашниот воен разузнавач, Горан Софески (44) нема да се врши обдукција, информира денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

Покрај ова, во информацијата во полицискиот билтен, пишува дека телото на Софески било најдено вчера (23 ноември), во 8.35 часот кај местото Бела вода, во атарот на кичевското село Раштани.

„Смртта е констатирана од Итната медицинска помош, а траги на насилство нема. Покрај телото на починатиот пронајден е ловен карабин со општички нишан. По наредба на Јавен обивнител врз телото на починатиот нема да се врши обдукција. По извршениот увид телото е предадено на семејството за погреб“, стои во информацијата од МВР.

Телото на Софески беше пронајдено откако во неделата вечерта бил пријавен за исчезнат од негов роднина.

Според МВР, на 22 ноември 2015 година, во полициската станица во Кичево, З.К. пријавил дека истиот ден неговиот братучед Г.С. (Горан Софески) се упатил над село Раштани на спортски лов и не се вратил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...